Пријавувањето на учениците ќе се врши преку електронско аплицирање, преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука
https://e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на Schools.mk.
– Првото електронско пријавување на учениците ќе се врши од 20 јуни до 25 јуни 2024 година до 15.00 часот.
– Доставувањето на потребната документација до училиштeто е на 20, 21 и 24 јуни од 07.00 часот до 17.00 часот и на 25 јуни 2024 година од 07.00 до 15.00 часот.
– Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места, секое училиште ја објавува на 26 јуни 2024 година, најдоцна до 09.00 часот, на јавно место во училиштето и/или на училишната интернет страница.
– Квалификациско тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 28 јуни 2024 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 28 јуни 2024 година, на јавно место во училиштето.
– Второто електронско пријавување на учениците ќе се врши на 01 јули и 02 јули 2024 година до 15:00 часот.
– Доставувањето на потребната документација до училиштето е на 01 јули 2024 година од 07.00 до 17.00 часот и на 02 јули од 07.00 часот до 15.00 часот.
– Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места, секое училиште ја објавува на 03 јули 2024 година, најдоцна до 09.00 часот, на јавно место во училиштето и/или на училишната интернет страница. – Квалификациско тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 5 јули 2024 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 5 јули 2024 година, на јавно место во училиштето.
Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места после уписниот рок со две пријавувања.
– Пријавување на учениците ќе се врши на 21 август 2024 година од 00.00 часот до 15.00 часот електронски. – Доставувањето на потребената документација до
училиштата е на 21 август од 07.00 часот до 17.00 часот.- Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето, секое училиште ја објавува на 22 август 2024 година, најдоцна до 12.00 часот.
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ
При пријавувањето, учениците ги поднесат следните документи:
– пријава за запишување (пријавата за запишување ја изготвува Министерството за образование и наука и ја објавува на официјалната веб страница);
– оригинални свидетелства од VI до IX одделение; – дипломи, (доколку имаат) од освоени (I, II и III) места од меѓународни и државни натпревари од мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката, насоката, односно изборното подрачје;
– извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето).
Забелешка:
По објавување на конечната ранг листа со резултатите од запишувањето, учениците кои не се запишани во училиштето, задолжително ја подигнуваат целокупната доставена документација поднесена во училиштето во рок од 24 часа, а училиштето имаат обврска да ја вратат целокупната документација на учениците во рок од 24 часа.