Според програмските основи општата цел на училиштето е да им овозможи на учениците оптимален индивидуален развој во сообразност со нивните предиспозиции и возрасни карактеристики, развој на чувство на одговорност, свест за припадност на Република Македонија, почитување на граѓанските права и обврски, толерантност, меѓусебно разбирање, почитување на основните слободи, правата на човекот и живеење во заедница, подготвеност за иницијативност и креативност, за брзо и соодветно реагирање на промените, негување на правилен физички развој и одговорност за сопственото здравје.
Како средишни цели за струката се стекнување на следните знаења и умеења:
- да ја организира и планира сопствената работа во соодветната здравствена и хуманитарна организација;
- да администрира и регистрира при вршењето на сопствените задачи;
- да користи медицински софтвер;
- да тријажира соодветно на карактерот на здравствената состојба на пациентот;
- да истражува и едуцира во рамките на унапредувањето и заштитата на здравјето;
- да ја подготвува , одржува и контролира исправноста на инструментите и материјалите за работа;
- да се грижи и одржува чиста и безбедна работна средина и користи соодветни заштитни средства при работата;
- да применува соодветна нега ;
- да подготвува и аплицира терапија по налог и надзор на претпоставнените;
- да зема, подготвува и анализира биолошки материјал;
- да ги почитува и спроведува етичките норми во работата;
- да ја почитува хијарархијата и да има професионален однос кон соработниците и пациентите;
- да се вклучи непречено во работниот процес
Стручни квалификации и развој на училиштето
Ова училиште е, првенствено, стручно , па на стручната подготовка и обученост на учениците мора да се обрне посебно внимание. Притоа би требало да се запазат одредени критериуми:
- Поголема практичност и нагледност во наставата, за што перманентно се прават напори за опремување на лабораториите и кабинетите со најсовремена опрема со која тие во иднина на работното место ќе се среќаваат и со која ќе оперираат.
- Максимална соработка со здравствените институции (болници, здравствени домови). Во областа на организирање на практичната настава, од здравсвените организации ќе се бара да достават листа на манипулации и техники кои се употребуваат на тие институции и кои се потребни при секојдневната работа на профилите кои ние ги школуваме. Се разбира таа листа постојано ќе се ревидира согласно потребите на работата на горенаведените институции. Во областа на изведувањето, институциите ќе обезбедат максимален пристап до опремата како и практична поддршка при увежбување на потребните мануелни техники.
- Современост во наставата. Професионалната теорија и праксата мора да го следат што е можно подобро брзиот развој на науката и техниката (посебно во медицинските т.е. здравствените гранки).
Во реализацијата на воспитно – образовниот процес сите наставни предмети се стручно застапени – наставниот кадар квалитетно ја реализира програмски планираната дејност, применувајќи современи форми и методи, со цел наставната материја што повеќе да се прилагоди на психофизичките можности на учениците. За резултатите од целосниот професионален ангажман сведочи високиот квалитет на знаењата на нашите ученици, што истовремено претставува обврска со несмален интензитет да продолжи тенденцијата за зацврстување на позицијата на училилиштето меѓу најдобрите. Имајќи ја актуелноста како императив , во услови на секојдневни промени кои постепено но сигурно навлегуваат во сите пори на современото живеење, произлегува и ориентацијата на училиштето за нагласување на приоритетните активности кои како стратегија би се реализирале за натамошна афирмација.
