Вкупната корисна површина на училиштето изнесува 1000 м2 .Теоретскиот дел од наставата се изведува во училиниците и кабинетите за општообразовни и општо стручни предмети. По опременост се издвојуваат : кабинетот по информатика и нега на болен.
Во училиштето има лаборатории за теоретска и практична настава за тесно стручните предмети : кабинети за нега на болен, кабинет за забен техничар и информатика. Се вкупно, училиштето располага со следните простории:
- 15 училници
- 4 мали канцеларии кои можат да се користат само за административни цели.
- 4 кабинети
Училиштето располага со фискултурна сала, како и надворешен спортски терен.
Наставни средства, помагала и дидактички материјал
Унапредувањето на воспитно-образовната работа согласно со тенденциите за осовременување на образовната технологија, претставува перманeтна грижа на Училиштето, секако имајќи ги предвид спецификите на секој отсек одделно. Оттаму произлегува и определбата за внесување на бројни новитети во наставата соодветни на новите технолошки погодности. За полесно совладување на наставната програма, а во рамките на расположивите материјални можности, постојано се прават напори за збогатување на наставните средства – дотраената своевремено модерна опрема се заменува со нова, посовремена.
Инвентарот на училиштето е збогатен и со опрема обезбедена преку материјално-техничката помош од третата фаза на Програмата Фаре : 2 микроскопи, 4 ЛЦД проектор, фотокопир, телевизор со голем екран, 3 графоскопа, 2 екрани за проекција, и помош во хартија за фото копирање, фолии за графоскоп и тонер.
Практичната настава на образовниот профил медицинска сестраза предметот нега на болен (основи) во училиштето се изведува во кабинети за нега на болен опремен со кревети и дополнителна опрема (санитарен материјал, медицински колички, паравански платна, апарати за притисок, стетоскопи и стерилизатори за инструменти), потребен матерјал и инструменти за изведба на различна медицинска техника, фантом кукли , глутеуси за интрамускулни инекции и фантом раце за интравенозни интервенции, разни постери и други нагледни средства.
