АКТИВНОСТИ

Покрај наставата ќе се реализираат и воннаставни воспитно-образовни активности преку кои ќе се поттикнува креативноста, љубопитноста, сознајните способности, самостојност и истрајноста во извршувањето на активностите . Целта е тие активности да влијаат на создавање на навики правилно и осмислено користење на слободното време, ставање на училиштето во функција на потребите на учениците, а сето тоа за оформување на учениковата личност. Тие имаат значајно место во изборот на идното занимање, овозможуваат поттикнување и развивање на афинитетите и творечките способности , ги упатуваат во достигнувањата од науката. Овие активности ќе се изведуваат преку следните подрачја:

  • Тимови за слободни активности
  • Смотри и натпревари
  • Заштита и унапредување на здравјето на учениците и култура на живеење
  • Општествено-културна дејност

Тимови за слободни активности

Во рамките на слободните активности учениците се определуваат и вклучуваат во зависност од нивните интереси, можности и способности. Подрачја за кои има посебен интерес се: Култура на здраво живеење, Природни науки, Урбана култура. Слободните активности во училиштето се одвиваат преку работа на тимови со нивни ментори. Работата на тимовите на проектните активности ќе се одвива по однапред изготвена програма , каде се одредени содржините за работа, време на реализација, можности за презентација и поширока афирмација на учениците .

Определувањето и вклучувањето ќе се врши по пат на анкети, информирање на предметните професори, како и преку активности на ученичката заедница која е организирана во тимови.

Спорти и натпревари

            На своите настапи на спорти, квизови, ликовни колонии и натпревари и сл. што се организираат по разни поводи и позначајни датуми од животот и работата на училиштето и на локалната средина, учениците ќе ги презентираат своите постигања. Ученичките натпревари играат аначајна улога во развојот на личноста на ученикот. Преку нив се развива и продлабочува интересот на учениците и се воспоставува активен однос кон наставата, се продлабочуваат и збогатуваат знаењата, се развива натпреверувачки дух, зближување на учениците од различни средини. Значаен фактор за помасовно учество на учениците и постихнување на подобри резултати е начинот на подготвувањето на учениците. Најпогодна форма за подготовка се слободните активности, ангажирање преку училишните тимови, како и додатната настава. Од наставниците се очекува да ги упатуваат при изборот на литература, да укажуваат на начините и можностите за продлабочување на знаењата и рационално искористување на литературата.

Заштита и унапредување на здравјето на учениците и култура на живеење

            Доаѓајќи од современите сфаќања за категоријата ,, здравје,, а истовремено негувајќи го сопствениот идентитет и позитивното во традиционалното живеење, здравјето треба да се подобрува и унапредува во позитивен, динемичен, холистички и еколошки аспект преку развивање на прогресивни програми за здравствено образованиеи унапредување на здравјето. Програмата за заштита и унапредување на здравјето ги вклучува сите аспекти од животот во училиштето и неговите врски со заедницата како модел кој се базира на : интеракција на физичките, менталните, општествените и аспектите на средината; активно учество на ученикот преку најразновидните методи за развивање на вештини , вредности и ствови; развивање на позтивна слика за себе и зголемување на контролата за сопсвеното здравје, прифаќање на значењето на физичката средина во училиштето во однос на естетските и психолошките ефекти кај учениците и вработените ; непосредно вклучување и поддршка од родителите; активно учество на здравствената служба .

Глобално, содржините во рамките на училишната здравствена политика групирани се во три подрачја:

  • Унапредување на здравјето во физичка смисла (едукативни содржини од областа на личната хигиена, храна и исхрана, заразни болести, хумани односи меѓу половите, превентива од болести на зависност, физички вежби и рекреација – со посета на спортско-рекреативно центри, безбедност и прва помош).
  • Унапредување на менталното здравје ( трибини и работилници за развој на самодоверба, самопочитување, комуникација, разбирање на другите и нивно прифаЌање )
  • Социјално здравје ( грижа за локалната средина, комуникација -ученици-родители-средина)

            Операционализацијата на оваа глобална програма училиштето ќе ја подготвува во соработка со здравствената служба и лицата кои работат на одредени аспекти на унапредување на здравјето. Конкретните содржини треба да се реализираат низ содржините од: редовната настава, програмата за класниот час, активностите во рамките на Младинската организација, соработка помеѓу учениците од различни образовни профили со стручни теми, реализација на Проекти, особено од членовите на Психолошката секција: Справување со стрес, Хумани односи меѓу половите, Програмата за разбирање на конфликти, Младинските едукативни програми за превентива од заразни болести, како и за репродуктивното здравје на жената, Почитување на разликите и сл. Овие теми ќе бидат презентирани од работни групи на ученици од мешан етнички состав пред учениците од прва година, како и пред ученици од повеќе основни училиШта со кои е воспоставена соработка за таа цел.

Општествено-културна дејност

            Ангажирањето на училиштето во рамките на својата воспитно-образовна дејност ќе се манифестира и преку разновидните културни активности, преку чие остварување ќе се вклучуваат во задоволување на културно-обр. потреби на локалната средина. Во тие рамки училиштето ќе остварува:

  • Соработка со културни и образовни институции
  • Соработка со други воспитно-образовни институции
  • Соработка со семејството, односно родителите

            Училиштето само или во соработка со културни институции ќе организира прослави на празници, јубилеи, посета на историски и кутурни објекти, културни манифестации ( изложби, театарски, оперски и балетски претстави, поетски средби и сл) , одржување и негување на традицијата и обичаите од народното творештво и сл.

Ученички екскурзии

            Екскурзиите се составен дел на воспитно образовната работа. Според функцијата, целите и задачите, екскурзиите можат да бидат : наставни, забавно-рекреативни, од општ воаспитно-образовен карактер или комбинирани. Оваа учебна година се планира реализација на  еднодневна екскурзија. За учениците II и III година се планира повеќедневна екскурзија. Доколку постои интерес за реализирање на екскурзијата надвор од државата, Училиштето ќе постапи согласно Правилникот за реализрање на ученички екскурзии.