За запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2026/2027
година во Република Северна Македонија
Во јавните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2026/2027
година според утврдени наставни планови и програми ќе се запишат следниот број
ученици:
СРЕДНО ОПШТИНСКО МЕДИЦИНСКО УЧИЛИШТЕ „ГОСТИВАР“
Во прва година ќе се запишат 200 ученици во 8 паралелки (50 ученици во 2
паралелки со настава на македонски јазик, 100 ученици во 4 паралелки со настава на
албански јазик и 50 ученици во 2 паралелки со настава на турски јазик) според наставни
планови и програми за:

КОНКУРСНИ РОКОВИ
Пријавувањето на учениците ќе се врши електронски преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk со посебна најава за ученици преку сопствените кориснички сметки на
schools.mk
ЈУНСКИ УПИСЕН РОК:
Првото електронско пријавување на учениците ќе се врши од 00:00 часот на 12 јуни
до 23:59 часот на 15 јуни 2026 година.
- Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 16 јуни 2026 година
од 08.00 часот до 19.00 часот и 17 јуни 2026 година од 08.00 часот до 15.00 часот. - Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места, секое
училиште ја објавува на 18 јуни 2026 година, најдоцна до 12.00 часот, на јавно место во
училиштето и/или на училишната интернет страница.
Второто електронско пријавување на учениците ќе се врши на 23 јуни 2026 година од
00:00 часот до 23:59 часот.
- Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 24 јуни 2026 година од
08.00 до 15.00 часот. - Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места, секое
училиште ја објавува на 25 јуни 2026 година, најдоцна до 12.00 часот, на јавно место во
училиштето и/или на училишната интернет страница.
АВГУСТОВСКИ УПИСЕН РОК:
-Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо
напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места и ги
исполнуваат условите пропишани во Конкурсот, после јунскиот уписен рок со две
пријавувања.
- Пријавување на учениците ќе се врши на 20 август 2026 година од 00.00 часот до 15.00
часот електронски.
-Доставувањето на потребената документација до училиштата е на 21 август 2026 година
од 08.00 часот до 14.00 часот. - Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето, секое училиште ја објавува на
истиот ден најдоцна до 19.00 часот.
УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ И КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА УЧЕНИЦИТЕ
Запишувањето на учениците во јавните средни училишта (во натамошниот текст:
училишта) во учебната 2026/2027 година ќе се врши под услови и на начин утврдени со
Законот за средното образование, Законот за стручно образование и обука, Законот за
спортска академија, Законот за Математичко – информатичка гимназија и со овој Конкурс.
Условите за запишување на учениците во прва година се:
-да имаат завршено основно образование;
-да не се постари од 17 години, -ученик со посебни образовни потреби да не е постар од 25 години
-да се определиле за план и програма за еден од следните видови образование:
а) гимназиско образование;
б) стручно образование и обука;
в) уметничко образование;
г) средно образование за ученици со посебни потреби;
- Критериуми за избор на учениците се:
1.среден успех на ученикот од VI до IX одделение;
2. среден успех на ученикот постигнат по четири предмети (мајчин јазик, англиски
јазик и два предмети што се од значење за секторот);
3.диплома за освоено I, II или III место на меѓународен натпревар, како и освоено
прво место на државен натпревар, организиран од акредитирани здруженија на
наставници за реализација на натпревари во основно образование од страна на
Министерство за образование и наука.
4.средна вредност од поени добиени за поведение од VI до IX одделение.
Учениците од ромската етничка заедница можат да се запишат во одредено јавно
средно училиште ако имаат до 10% помалку поени од бројот на поените предвидени
согласно Конкурсот за соодветните наставни планови и програми и ако ги задоволуваат
дополнителните критериуми за испит на знаења и вештини во соодветното училиште.
Примената на оваа афирмативна мерка се врши по завршување на рангирањето и не влијае
врз статусот на веќе рангираните кандидати кои го исполнуваат минималниот пропишан
број поени. Во училиштата каде што се пријавуваат поголем број ученици од планираниот
број предвиден во овој конкурс, кои ги исполнуваат предвидените услови, се организира
квалификациско тестирање на наставниот материјал од осмо и деветто одделение по
следните наставни предмети и тоа:
-за сектор здравство и социјална заштита – биологија и хемија .
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ
По успешното електронско пријавување, учениците во избраното јавно средно училиште
ја доставуваат следната документација:
1. пријава за запишување (пријавата учениците ја генерираат со печатење
на електронската пријава преку системот за е-услуги);
2. оригинални свидетелства од VI до IX одделение;
3.дипломи за освоено I, II или III место од меѓународен натпревар и/или
освоено I место на државен натпревар
4. извод од матична книга на родените (без оглед на датумот на
издавањето).
5. проценка за попреченост од системот за проценка на лица со
попреченост.
Забелешка:
По објавување на конечната ранг листа со резултатите од запишувањето,
учениците кои не се запишани во училиштето, задолжително ја подигнуваат
целокупната доставена документација поднесена во училиштето во рок од 24 часа, а
училиштето имаат обврска да ја вратат целокупната документација на учениците
во рок од 24 часа.
Изготвил:
Псиколог: Мимоза Шабани
Педагог: Шпенд Бајрами
Секретар: Јехона Салија
Директор:
Јетон Сулејмани
