На 28.10.2024 година се одржа работилница со учениците од СОМУ „Гостивар“.
Во еднодневната работилница „STOP BULLYING“ средношколците се едуцираа за препознавање на насилството меѓу врсниците и неговите последици. Исто така, со комплетирање на анкетите добивме конкретни предлози за справување со оваа општествена појава.
Оваа активност е дел од проектот Гласот на младите: Борба против насилството меѓу врсниците!, финансиран од Центарот за заедничка основа, а го спроведува Здружението за обезбедување социјални услуги - „СОЦИО“, Гостивар.



